Средба Мицкоски-Пламер: Потребно е ресетирање на општеството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски оствари средба со Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, соопшти партијата.

На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата.

– Мицкоски истакна дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите. Дека е потребно Македонија да се стави на брзата трака за членство во Европската унија преку сериозни сеопфатни реформи. Мицкоски посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.