Средба Мицкоски-Рикер во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, денеска ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Република“ потврдуваат дека во попладневните часови во партиското седиште ќе биде остварена средба меѓу Рикер и Мицкоски.

Рикер денеска престојува во работна посета на нашата држава.