Средба на Мицкоски со Жбогар и амбасадорите на земјите членки на ЕУ

726

Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија била тема на работната средба во вторникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со амбасадор на Европската унија и амбасадорите на земјите-членки на Унијата, ингормираа од опозициската партија.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги информирал амбасадорите за, како што потенцирал, бројните системски злоупотреби кои се извршуваат од страна на претставници на владејачката коалиција.

„Недостигот од демократскиот капацитет, креирањето на поделби, како и нереализацијата на реформите државата ја оддалечува од европската агенда и не сврстува во редот на најкорумпираните држави’, истакнал Мицкоски.

Ссе осврнал и на, според него, катастрофалните економски резултати на актуелната Влада кои резултираат со осиромашување на граѓаните.

Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која штоверува дека е стратешки интерес Република Македонија што поскоро да стане дел од Европската унија и оти ќе го поддржи секој процес кој што е во таа насока.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.