Средба на министерката Шекеринска со амбасадорот на САД Бејли

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли денеска оствариле средба на која, како што соопштија од Министерството за одбрана било заклучено дека двете држави имаат блиската и плодна соработка во областа на одбраната и безбедноста и дека во таа насока ќе продолжат да се развиваат односите и во иднина.

– Министерството и Владата на Република Македонија ја ценат политичката и воената поддршка од САД која е константна и која помогна да се обликува Армијата и одбранбениот систем. Нашата стратегиска определба е полноправното членство во НАТО и во Европската Унија, рече министерката Шекеринска.

Според неа, Македонија е горда што беше еден од иницијаторите на Јадранската повелба, но и дека од денешна перспектива фрустрира што сите останати земји-членки освен Македонија се дел од НАТО Алијансата.

– Напорно ќе се работи на модернизација на Армијата, и повторно ќе се разгледаат приоритетите во областа на одбраната со конкретни рокови за нивна реализација.  Во оваа насока добредојдена е сета поддршка од страна на партнерите како САД, додаде Шекеринска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.