Средба на министерот Османи со специјалниот претставник за Бугарија Бучковски

27

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.

По заедничката средба, Османи и специјалниот претставник Бучковски во 14:00 часот ќе дадат изјави за медиумите.

Владата на вчерашната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.