Средба Заев Мицкоски во Вила Водно, ќе се договара датумот за избори

Лидерите на двете најголеми политички партии од власта и опозицијата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски доцна попладне во Вила Водно ќе седнат заедно со претседателот Пендаровски за да се договорат за датумот за избори.

Според најавата од претседателскиот кабинет, средбата ќе почне во 18,30 часот. Според информации од партиите, доколку има Заев и Мицкоски ги приближат ставовите околу тоа кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори ќе следи лидерска средба со претседателите на сите парламентарни партии.

Неофицијално, според партиски информации, последните датуми околу кои се разговара се осми и 12-ти јули.

Средбата следи по обраќање на шефот на државата во кое што повика дека договор за изборите е неопходен и дека партиските челници уште денеска треба да седнат и да најдат компромис.

 

 

 

 

 

 

 

 

„Контактирам секој ден со политичките лидери особено со овие кои имаат најголеми разлики во делот на датумот мислам дека нема ниту еден ден од последниот пат кога се видовме по истиот овој повод да не сум разговарал со Заев и со Мицкоски. Денеска од сабајле не сум разговарал, меѓутоа имам намера веднаш по завршувањето на оваа прес-конференција да ги побарам двајцата бидејќи мислам дека време за губење немаме. Ако разликите меѓу двата главни политички блока, се разбира дека има и други партии и позиции кои се значајни и релевантнои и еднакво ги третирам сите нив, меѓутоа тие во овој момент не се разликуваат од овие два политички блока“, рече Пендаровски на денешната прес-конференција.

Шефот на државата додаде дека треба сите да се издигнат над овој момент кој е многу сериозен и комплексен, и да се најде решение бидејќи како што рече, не станува збор за месеци или години, туку за 8 до 15 дена разлика меѓу двата главни политички блока.

Кажа дека е можно и да ја преиначи одлуката за вонредната состојба и таа да биде продолжена уште за неколку дена со цел да се дојде до меѓупартсики консензус за терминот на изборите.

Претседателот откри и дека власта и опозицијата неодамна се договориле дека изборите не мора да се оддржат во недела, туку може и во среда.