Средбите на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и Бугарија со пренос на МРТ

Настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации на УЕФА во оваа и следната година ќе ги гледаме на МРТ. Потврда за ова стигна и од уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски кој на социјалните мрежи објави кога ќе започнат преносите.

Во завршните две кола од Групата 4 во лигата Ц, Македонија гостува кај Грузија, а потоа ја дочекува Бугарија.

Гостувањето на Македонија кај Грузија е закажано за утре од 18 часот, а Бугарите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонските рисови ќе ги пречекаат во понеделник. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот.

Билетите за натпреварот Македонија-Бугарија се пуштени во продажба од понеделникот која се одвиваисклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари

Блок 21 и 23 250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари

Блок 3 и 4 350 денари

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.