Среде бел ден уапсени двајца тетовци со хероин

Во напуштен објект на тетовската улица Љуботенска вчера напладне полицијата уапсила двајца тетовци кај кои бил пронајден хероин.

Како што информираат од МВР, станува збор за Б.Љ.(40) од Тетово и Н.Р.(37) од тетовското село Милетино.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.