Дванаесет малолетни средношколци вчера направиле хаос во АСУЦ „Боро Петрушевски“, прво се расправале, а потоа си размениле и по неколку удари.
Според Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 9.30 часот, група од 12 малолетници се степала во АСУЦ „Боро Петрушевски“.
На тепачката во која учествувале Т.А.(15), Ф.С.(15), В.С.(15), С.Е.(15), С.Е.(16), В.Р.(16), В.Љ.(15) В.Л.(16), Д.С.(16), Д.Б.(17), Л.М.(17) и еден четиринаесетгодишен малолетник и предходела жестока расправа.
МВР соопшти дека ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка поради нарушување на јавниот ред и мир.