Средношколците во Скопје го почнаа бојкотот

Средношколци во Македонија утринава го почнаа најавениот бојкот поради огромното загадување на воздухот. Први се огласија гимназиите „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ кои утринава се собраа во училишните дворови приклучувајќи се врснаците од земјава.

„Бојкотираме во внатрешниот двор, од директорот ни беше кажано дека не смееме да се движиме по ходници. Мораме да бидеме во внатрешниот двор или на часови“, вели средношколецот Петар С. од гимназијата „Корчагин“.

„Се закануваат со казни, имаме неоправдани“, вели средношколката Б. А. од „Карев“.

Тие првично беа собрани во дворот, но потоа бојкотот го продолжија внатре во холот на гимназијата. Дел од нив се пожалија дека директорката излегла да ги фотографира за време на бојкотот.

Фото: Радиомоф.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.