Средношколски глас против полагањето државна матура во време на 50.000 заразени граѓани

Од средношколки глас реагираат на концептот на Министерството за образование и наука (МОН) за полагањето и датумите за државната матура.

Средношколски Глас е строго против тоа да се полага матура поради општата ситуација во Република Македонија.

-Минатата година кога дневно имаше само по 10 заразени се одложи, но сега со бројка од 50 илјади заразени граѓани МОН заклучува дека државната матура треба да се одржи. Учениците и професорите имаат доволно стресови со сегашниот начин на учење и ситуацијата, а МОН со ваквата лоша одлука придонесува до зголемување на стресот. Нема ниту услови, а не е ниту соодветно да се одржи државната матура – реагираат од Средношколки глас.