Средношколец повреден во тепачка

Средношколец бил повреден во тепачка со соученик, вчера пред Средното училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје,информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 12.45 часот кога Б.С. (17) од Сингелиќ, со тврд предмет го удрил во стомакот Ф.Р.(18) од село Арачиново.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.