Крими хроника

Средовечена скопјанка дивеела во кафеана

Средовечена скопјанка дивеела во кафеана

Средовечна жена предизвикала инцидент во четвртокот во скопска кафеана кршејќи во локалот и вознемирувајќи ги гостите по што морало да интервенира обeзбедувањето.

Жената го предизвикала неред во скопска кафеана, откако се опила па започнала да ги вознемирувала гостите во локалот. Проблематичната скопјанка кршела чаши и чинии, а убедувањата на вработените ја да го напушти објектот не биле успешни.

На интервенцијата по барање на сопственикот, а од страна на обезбедувањето, скопјанката се спротивставувала, навредувала но заминала од локалот. Тоа не траело долго, па таа за 30 минути повторно се вратила и продолжила со своето недолично однесување.

Околу 20 часот обезбедувањето повторно било повикано да ја смири ситуацијата, а жената ги влечела чаршафи од масите и ги туркала масите, па тие биле принудени по вторпат гостинката да ја отстранат од локалот.