Средствата за капитални инвестиции со ребалансот ги укинуваат

Пратеничката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница посочи дека по катастрофалната лоша реализација на буџетот за 2019-та година, кој претставува и најголем проектиран буџет во историјата на независна Македонија од вчера започна да се разгледува и ребалансот на овој буџет.

-Во ребалансот се гледа како владата крати на се дури и на капиталните инвестиции, образование, култура и за животна средина. А, намерата на владата на СДСМ за овој ребаланс на буџет е многу провидна уште од моментот кога истиот беше најавен. После донесувањето впрочем како што прават и за се во овој нивен мандат , а не направија буквално ништо добро веќе е позната и реториката која што се користи кога ќе почнат да ги убедуваат граѓаните за капитални инвестиции демек има кој знае колку, а досега реализирана нема ниту една, нагласи Лашкоска.

Лашкоска додаде дека средствата за капитални инвестиции со ребалансот ги ребалансираат или наједноставно кажано ги укинуваат.

-Или пак се намалуваат средствата кои во буџетот беа предвидени за инфраструктура оти немаат сработено буквално ниту еден проект, а камо ли да отпочнат со реализација. Се намалуваат и средствата за образование, за култура, за животна средина итн. А, владата која вртоглаво паѓа ќе се обиде да купи социјален мир, задолжувајќи ја државата и сите граѓани на Република Македонија. Јавниот долг во првата половина на 2019 година е зголемен за 600 милиони евра во апсолутен износ, истакна Лашкоска.