Среќата му го сврте грбот на Метaлург

Македонскиот ракометен вицешампион Металург пропушти можност да врзи две победи по ред во Регионалната СЕХА Лига.

Избраниците на тренерот Лино Червар во рамките на 12. коло не успеаја по втор пат да го совладаат Загреб, откако на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски” ремизираа – 27:27 .

„Металурзите” имаа шанса за победа, но Павел Атман, промаши од шест метри во последната секунда од натпреварот.
„Се обидувавме да им кажеме на играчите дека ќе биде тешко. Бевме малку нестрпливи во нападот, за разлика од средбата во Загреб. Имавме напад во последните секунди, но денеска и среќата не беше на наша страна. Се надевам дека со Загреб ќе се сретнеме на фајн л-форот. Од дуелите со Загреб освоивме четири бода и мислам дека треба да бидеме задоволни. Сега не очекува Вардар и се надеваме дека со успех ќе ја завршиме оваа полусезона, изјви помошникот на тренерот Лино Червар, Алесандар Петровски.
Атман со шест голови беше најефикасен на средбата, Ѓорѓиевски постигна пет, а Мојсоски и Вугринец по четири пати ја затресоа мрежата на Загреб. Во спротивниот табор извонреден беше голманот Стојановиќ со 12 одбрани, Шебетиќ постигна осум гола, а Обрадовиќ заврши со три погодоци.
Со 31 бод од 13 натпревари, Загреб е на врвот во СЕХА лигата пред Татран кој има 30 бода од 12 натпревари и нашиот Вардар со 25 бода од 11 натпревари.