Среќен бод за Јуве, Рома го користи киксот на конкурентите

Без победник, 1:1, заврши саботниот дерби натпревар од 21. коло во италијанската Серија А, пресметката на „Олимпико” помеѓу екипите на Лацио и Јувентус.Далеку позадиволни од конечниот резултат мора да бидат фудбалерите на Јувентус кои од 24 минута играа со играч помалку откако директен црвен картон доби капитенот на “старата дама”, Џанлуиџи Буфон.

Со идентичен резултат заврши и пресметката на “Сан Паоло” помеѓу екипите на Наполи и Киево, а целиот натпревар од клупата за резерви ги проследи поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Денеска фудбалерите на Рома на гостувањето во Верона ќе се обидат да го искористат неочекуваниот кикс на Јувентус и Наполи, а за прв пат во актуелната сезона, тимот на Милан ќе се обиде да врзи две победи по ред.Избраниците на Кларенс Сидорф имаат обврска да забележат позитивен резултат на гостувањето на Сардинија, а голема е веројатноста дека шанса да настапи во вториот дел ќе добие македонскиот интернационалец од редовите на Калјари, Агим Ибраими.
Денеска на програмата: Верона – Рома, Интер – Катанија, Торино – Аталанта, Сампдорија – Болоња, Калјари – Милан, Ливорно – Сасуоло, Парма – Удинезе, Фиорентина – Џенова.