Среќен роденден тато, ти изгребав поло

292

Теа Димитриевска од Скопје му подари автомобил поло за роденден на својот татко Благоја. Во прошетка со татко и низ Скопје Сити Мол, младата Теа застанала на  продажниот пулт на Државна лотарија на Македонија  и одбрала инстант лоз Среќни тркала. Кога го изгребала заштитното поле во форма на насмеано автомобилско тркало и избројала четири тркала, прашала колку тркала треба за лозот да е добитен. Вработените на Државна лотарија на Македонија и потврдиле дека бројот на тркалата што се откриле на нејзиниот лоз им носат автомобил Поло. Теа пресреќна го подарила лозот на татко и, со зборовите: Среќен роденден тато, ти изгребав поло. Денес Благоја го слави својот 36ти роденден, а блиските и пријателите ги почести со роденденска торта во форма на ПОЛО.

Продажниот пулт на Државна лотарија на Македонија се затвора на 17 ти јули. Ова продажно место се покажа како нависни среќно. Во тек на претходнен промотивен период на истото место беше изгребан автомобил Голф7 на инстант лозот 7ма Брзина, а минатата недела беше доделен и скутер од инстант лозот Смајли.

Игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија се приредуваат со цел да се овозможи на брз, ефтин и забавен начин да се оствари парична или стокова добивка, а преку тоа се формира голем круг на среќни семејства ширум Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.