Српската и хрватската полиција уапсија 17 лица за криумчарење мигранти кон ЕУ

 Во заедничк аакција на српската и хрватската полициј уапсени се во средата 17 лица осомничени за шверц на десетици мигранти кон земјите на Европската унија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Министерството прецизира дека групата била уапсена во Белград и четири други градови во северна Србија. Меѓу нив биле 12 српски државјани и еден Авганистанец. Полицијата во Хрватска, како што се наведува во соопштението, уапси четворица осомничени.

„Постои сомнеж дека криминалната крупа помогнала за нелегален премин на границата и транспорт на вкупно 82 мигранта од Авганистан, Иран и Ирак, од кои се земани по 1.500 евра за човек “, се додава во соопштението.

Според официјални податоци, околу 4.500 мигранти се сместени во државни кампови во Србија.

Организации за заштита на човековите права информираат дека стотици други мигранти се наоѓаат во Белград и други градови околу границата со Хрватска.