Српската листа ќе се жали на Уставен суд за војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните безбедносни сили (FSK) да се трансформираат во војска на Косово, извршила „атак врз мирот“ во Косово и Метохија грубо ја прекрши Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ракиќ на конференцијата за новинари изјави дека според споменатата резолуција на Советот за бебедност на ОН, единствена вооружена сила во Косово е меѓународнота мисија КФОР. Притоа побара од косовските Срби да не подлегнуваат на провокации.

„Од името на Кризниот штаб на локалната управа на четирите општини од северот, ги повикувам Србите, независно од тоа каде живеат, да не станат жртви на провокациите, бидејќи такво нешто ќе има“, изјави Ракиќ.

Најави дека неговата партија ќе бара од Уставниот суд да се утврди уставноста на одлуката на косовксата влада на Рамуш Харадинај за трансформацијата на заштитниот корпус на Косово.