Српската напредна партија очекува валкана предизборна кампања организирана од олигарсите

Српската напредна партија очекува олигарсите да водат валкана кампања за предвремените парламентарни избори, изјавил заменик-претседателот на партијата и досегашен претседател на Парламентот, Небојша Стефановиќ, во интервју за српскиот весник „Блиц“.

„Ние ќе понудиме визија за реформа на општеството“, изјавил Стефановиќ.

Според него економијата во земјата ќе се зајакнува и со поголема борба против корупцијата и организираниот криминал.