Српската полиција го уапси вујкото на масовниот убиец кај Младеновац

Српската полиција го уапси вујкото на масовниот убиец кај Младеновац, поради недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материјали, пренесуваат медиумите во Србија.

Четириесет и деветгодишниот Г.Г. е уапсен со цел на утврдување на сите околности кои се однесуваат на потекло на оружјето со кое Урош Блажиќ уби осум лица и поголем број повреди во селата Дубона и Мало Орашје.