Српската полиција и натаму трага по сплиќанецот Матеј Периш

Потрагата по младиот спличќанец Матеј Периш (27) засилено продолжува и преку ноќта. Екипи на МВР и на Мрежата за опасност на Србија пребаруваат непристапни терени покрај реката Сава, откако се појавија неколку снимки на кои таткото Ненад Периш го препозна својот син.

Објавена е снимка на потрагата на профилот 192 на Инстаграм.

Матеј Периш исчезна во ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, каде што последен пат е виден во клубот „Готик“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.