Српската полиција со солзавец ги потиснува демонстрантите во центарот на Белград

Најголем број од демонстрантите кои во вторникот вечерта се собаа пред Скупштината на Србија (парламентот) го напуштија платото пред зградата откако полицијата малку пред полноќ интервенираше го големо количество солзавец, пренесуваат белградските медиуми.

Поголем судир се случи околу 23,30 часот кога демонстрантите започнаа да фрлаат камења и пиротехника врз полицијата, по што полицијата интеревенираше и истрела неколку десетици патрони со солзавец. Најголем број од демонстрантите во моментов се повлечени од платото пред зградата на парламентот кон фонтанот на Плоштадот на Никола Пашиќ и кон Пионерскиот парк, какко и кон соседните улици.

Една група учесници на протестот продолжува со судирите со полицијата, фрлајќи камења и делови од скршени сообраќајни знаци. Запалени се и контејнери за отпад во Таковската улица, пренесува агенцијата Бета.

Демонстрантите пред парламентот на Србија се судрија со припадниците на жандармеријата и во 23 часот. Полицијата употребила солзавец и бибер спреј. Демонстрантите тогаш се повлекле од горниот дел од скалилата пред парламентот, пренесува Танјуг. Протестот пред Скупштината против најавените мерки за сузбивање на короанвирусот по 22 часот излегоа од контрола. Демонстрантиет ја урнаа заштитаната ограда, фрлаа факели, а припадниците на полицијата во еден момент се тргнаа од местото, пренесе репортерот на агенцијата од местото на настаните.

Полицијата во опрема за разбивање демонстрации ја потиснале групата демонстранти којашто влезе во парламентот. Во текот на акцијата имало пресметка, Демонстрантите тврдат дека еден од нив е уапсен, а полицијата дека била гаѓана со шишиња и конзерви. Медиумите јавуваат дека пред парламентот имало многу лица со раскрвавени глави.

 

Планирани или спонтани протести и безредија

Во центарот на Белград и во текот на ноќта продолжува протестот поттикнат наводно од најавата на српскиот претседател Александат Вичиќ за воведување полициски час поради значително влошената епидемиолошка ситуација. Протестот започна околу 21 часот со собир на неколку стотина лица на улицата пред Скупштината, а со време по повиците да се разменат пораки на социјалните мрежи да се повикаат роднините и познаниците, или по директното вклучување на репортерот на регионалната телевизија N1, започна собир на поголема толпа луѓе.

Протестот се одвиваше без значително присуство на полицијата, што го искористија демонстрантите да провалат во парламентот, за дури потоа да се појави првиот кордон на интервентната полиција.

Ситуацијата потоа стана хаотична, а на интервентната полиција ѝ се придружи и единици на жандермиријата со опрема за разбивање демонстранции.

Според паролите кои се извикуваа пред српскиот парламент, како што пренесуваат медиумите, се наоѓаат всушност приврзаници на повеќе опозициски политички опции, од проевропски до десничарски, малкумина во масата луѓе носат маски а физичката дистанца и не било можно да се задржи.

Засега нема сигурни сознанија дека протестот е планиран и организиран однапред.

„Во воздухот се чувствува незадоволство. Овој режим владее со група криминацли“, изјави за N1, со препознатливиот вокабулар за неолибералните активисти Радомир Лазовиќ, еден од претставниците на активистичката граѓанска иницијатива „Да не го давиме Белград“.

 

Мерките кои ги најави Вучиќ

Забележливо беше што демонстрантите постојано скандираат против претседателот Вучиќ. Тој претходно во вторникот најави дека од среда се збрануваат групирање во групи поголеми од пет лица, а од петокот ноќта се воведува полициски час до понеделник наутро.

„Денеска е најтешкиот ден за Србија, имаме 13 починати, до 15 часот имаше 110 луѓе на респиратори, а сега веќе ги има 120“, рече доцна попладнето Вучиќ оценувајќи дека „алармантна е ситуацијата во Белград, а сериозна во уште четири градови“, како и дека во ковид-болниците има во моментот околу 4.000 пациенти.

Србија, покрај влошената епидемиолошка ситуација, се наоѓа во меѓупериодот од завршување на изборите до формирање на новата влада, кое Вучиќ како лидер на владејачката СНС го најави најдоцна до 25-ти јули.

На изборите на 21-ви јуни, кој дел од опозицијата го бојкотираше тврдејќи се нерегуларни меѓудругото и поради епидемиолошките услови во кои се одвиваат без вистинска изборна кампања и намалениот меѓународен мониторинг поради пандемијата на коронаворусот, Српската народна партија (СНС) на Вучиќ освои 188 од 250 мандати и со двотретинско мнозинство може самата да формира влада.