Српски аналитичар: Стејт Департментот преку амбасадорот Бејли и УСАИД со 25 милиони долари финансирал рушење на власта во Македонија

-Но не само од негова страна, ја споменавме и поранешната американска администрација. Таа преку својот амбасадор во Скопје, Џес Бејли внела некаде околу 25 милиони долари, минатата, преминатата година, финансирајќи опозициски движења, разни левичарски групи во Македонија на создавање на тие шарени револуции како што ги нарекуваа, обоени револуции. Значи, пазете. Преку американскиот амбасадор и преку организацијата УСАИД, Стејт Департментот свои 5 милиони, а УСАИД некаде околу 20 милиони внесе и финансирале рушење на актуелната власт, вели Перишиќ.

Според тоа, додава Перишиќ, проектот за градење на трета албанска држава во тоа време бил синхронизиран меѓу Тирана, Вашингтон и одредени европски земји, “пред се‘ мислам на Велика Британија, па и на Брисел донекаде“.