Српски автобус излетал од автопат во Германија, повредени се 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени откако српски патнички автобус се превртел на автопат во Германија, на пат кон Берлин.

Според неофицијални информации од Индекс.хр, возачот сакајќи да се приклучи на местото за паркинг, се удрил во банкината, излетувајќи од автопатот. Автобусот се превртил, а причината за несреќата сè уште не е позната. 

„Шест хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 автомобили на брза помош се на местото на несреќата. Покрај тоа пристигнаа и 22 возила на пожарната. Автопатот е затворен во двата правци“ пренесува германски Билд. 

Полицијата соопшти дека двајцата возачи се тешко повредени, како и еден патник. Сè уште не се знае колку патници имало во автобусот, но познато е дека во него имало патници од Германија, Србија, Шведска и Израел. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.