Српски лекар станал милионер преку ноќ: Со 20 години старо откритие спасува пациенти заболени од коронавирус

99

Пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија.

Професорот Ратко Ѓукановиќ, еден од најдобрите светски експерти за астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, заедно со уште двајца колеги од Универзитетот во Саутемптон дошол до големо откритие за лечење на пациентите заразени со коронавирусот.

Српскиот експерт и професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години откриле дека протеинот интерферон бета кој помага при настинка, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови. На основа на тоа нивната компанија “Synairgen” развила негова замена која им помага на пациенти со вирусно заболувања, пишува “Guardian”.

Клиничкото истражување на нивниот лек “SNG001”, базиран на интерферон бета, е завршено пред неколку дена и покажало дека пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија. На примероците од 101 заразен било утврдено дека шансите за развој на тежок облик на болеста е помал за 89 проценти, додека чувството за губење на здив е драстично намалено.

Директорот на компанијата “Synairgen” Ричард Мардсен е пресреќен поради резултатите.

“За нив нема ништо подобро од тоа кога ќе видат дека нивниот лек лечи пациенти, а притоа заработуваат пари, рекол Мардсен откако акциите на неговото претпријатие скокнале за 540 проценти неколку часа по објавувањето на резултатите од истражувањето на 21-ви јули.

Од почетокот на годината вредноста на овие акции пораснала за неверојатни 3.000 проценти.

Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично преку ноќ станале милионери, па така 0,56 проценти до акциите на доктор Ѓукановиќ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.