Српскиот хирург кој го носи Владата за промена на полот, на ’црната листа’ на Белата куќа

Мирослав Ѓорѓевиќ – контроверзниот доктор кој сега ќе оперира во Македонија

Српскиот хирург  Мирослав Ѓорѓевиќ,  кого во четвртокот македонскиот министер за здравство Венко Филипче го претстави како човекот кој ќе ги врши оперативните зафати за промена на полот за кои ќе плаќаат сите македонски даночни обврзници, е на удар од Тони Паркенс, кој пак е еден од највлијателните советници на американскиот претседател, Доналд Трамп, кога станува збор за темите за правата на трансродовите лица.

Одлуката која ја соопшти Филипче, а бездруго не може да биде донесена без знаење на Владата и премиерот Зоран Заев, зашто на државна сметка во македонското здравство ќе се прават операции за промена на полот, предизвика лавина од реакци во јавноста.

Филипче најави дека операциите ќе ги врши српскиот хирург Мирослав Ѓорѓевиќ, по што „Лидер“ истражувал и дошол до податоци дека се работи за контроверзен доктор – кој бил јавно критикуван и од кабинетот на претседателот на САД, Доналд Трамп. Освен што е дел од советодавниот одбор на американскиот претседател и што е еден од најблиските соработници на потпретседателот, Мајк Пенс, Паркенс е и претседател на „Family Research Council“, една од највлијателните конзервативни истражувачки институти во САД, пишува порталот.

Во својата колумна насловена „Дури и докторите за промена на пол сега се сомневаат за транвеститството“, Паркенс го коментира токму хирургот кој сега министерот Венко Филипче го носи во Македонија за бесплатно да прави операции за промена на пол. Според советникот на Трамп, овој доктор е не е нормален и морален хирург.

Др. Мирослав Ѓорѓевиќ не е нормален хирург! Тој стана славен пред две декади, кога направи име од себе како еден од првите хирурзи кои почнаа да прават промена на пол. По многу години поминати во трансформирање на мажи и жени во спротивниот пол, во тело во кое не биле родени, тој почнал да разбира нешто: Дека процедурата за промена на пол не ги прави пациентите среќни. Позади знамето на трансексуалците и парадите на гордоста, овие луѓе чувствуваат болка, пишува Паркенс.

Понатаму во својата колумна, Паркенс објаснува како докторот кој сега Филипче го носи во Македонија во многу наврати имал случаи во кои луѓе кои направиле операција за промена на полот се враќале и барале да им биде вратен претходниот пол – но тоа е невозможно.

На Универзитетската клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција. – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Контроверзниот Ѓорѓевиќ, кој сега со државни пари бесплатно ќе менува полови во Македонија, и покрај тоа што голем дел од пациентите се каеле и биле со тешки психички проблеми – продолжил да ја изведува својата работа.

Во јавноста се потсетува и дека голем процент од лицата кои менуваат пол извршуваат самоубиство, лани имаше еден таков случај и во Македонија, но и покрај тоа, министерството за здравство ја легализира оваа операција и ја прави бесплатна.