Српскиот министер за полиција тврди дека знаат кој го убил Оливер Ивановиќ, а убиецот бил под германска заштита

Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ денеска во Парламентот изјави дека убиецот на Оливер Ивановиќ е познат и дека тој е под германска заштита.

– Знаеме точно кој е убиецот и побаравме од германските власти, под чија заштита е тој човек, да ни дадат информации. Имаме слики од аеродромот во Тирана кога слетал, кога влегол во Приштина, во станот, изјави Гашиќ во српското Собрание, наведувајќи дека тоа е резултат на заедничката работа на Обвинителството за организиран криминал, МВР и БИА.

Министерот за внатрешни работи додаде дека тоа што убиецот е недостапен за српските власти не значи дека во блиска иднина нема да може да биде кривично гонет во Србија.

Лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица. Тој беше погоден со пет куршуми во градите и им подлегна на повредите во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.