Српскиот претседател Вучиќ во посета на Хрватска

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе престојува во дводневна посета на Хрватска, главни теми на средбите меѓу двете делегации ќе биде проблемот со исчезнатите, правосудната соработка, границите и враќањето на имотот.

Вучиќ е прв претседател на Србија кој ќе престојува во официјална посета на Хрватска од 2010 година. До оваа поеста доаѓа во екот на политичка напнатост поради нерешените прашања од минатото.

Неколки здруженија на воени ветерани за денеска најавија протести. Вучиќ во интервју за хрватски Globus изјави дека Србија и Хрватска немаат судири околу иднината и најави дека на претседателската Колинда Грабар – Китаровиќ ќе и предложи мораториум од шест месеци за расправи за темите од минатото.