Српскиот стратег Ратко Павличевиќ е новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Српскиот стратег Ратко Павличевиќ ќе седне на клупата македонската одбојкарска репрезентација и ќе ги предводи „црвено – жолтите“ на претстојните настапи во Европската сребрена лига и Медитеранските игри.

Павличевиќ (56), чија официјална промоција е најавена за утре, доаѓа на местото на сонародникот Душко Николиќ.

Новиот македонски селектор во кариерата предводеше бројни екипи од Србија, Грција, Швајцарија и Саудиска Арабија.

ФОТО: ODBOJKA-VOLLEYBALL.COM

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.