Српските деца меѓу најлошите и најнесреќните во светот

Децата во Србија освен по лошите резултати по математика, литература и научна писменост на ПИСА тестирањетo, се издвојуваат и по тоа што се најнесреќни на светот, пишува telegraf.rs. Според истражувањата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), децата во Србија спаѓаат во најнесреќните, но и се меѓу најлошите по резултатите на ПИСА тестирањето.

До оваа статистика, ОЕЦД дошол споредувајќи ги резултатите на анкетата на учениците на прашањето дали се чувствуваат среќно во училиштето, со последните резултати од ПИСА тестирањето.

Учениците од Србија во рамките на Меѓународната програма за проценка на постигнувањата на учениците за 2012 година во сите три области математика, литература и природно-научна писменост  постигнаа резултати под просек.

На врвот на најлоши школи со најнесреќни ученици се Катар, Аргентина, Кипар и Грција, а следуваат Словачка, Романија, Тунис, Русија, Црна Гора и Јордан.

ПИСА тестовите меѓи 65 земји, најдобро ги направиле тинејџерите од Шангај, додека најлоши биле Перуанците. Од друга страна најсреќни се учениците во Индонезија, додека најнезадоволни се во Јужна Кореја.

Најдобри школи со најсреќни ученици на светот, според истото истражување се наоѓаат во Сингапур, Тајван. Швајцарија и Хонг Конг, како и во Лихтенштајн, Шангај, Јапонија, Исланд и Виетнам.