Српските министри се обвинуваат меѓусебно за предавство

Министрите на најголемата владејачка партија им замерија на своите партнери од партијата на Ивица Дачиќ да не го поддржуваат премиерот Вучиќ и политиката на Владата која тој ја води, објавува српски Курир, пренесува НетПрес. Социјалистите глумеле „дека се мртви“, а Александар Антиќ, кого Стефановиќ го повикал за нелојалност, вели дека нема место за полемика.

Односите на СНС и СПС повторно западнаа во криза, а најновата војна е поради жестокоата кристика на потпретседателот на СНС и министерот за полиција, Небојша Стефановиќ дека социјалистите не ја поддржуваат доволно Владата и премиерот Александар Вучиќ.

Голем број на министри од редовите на СНС, вчера јавно ги поддржаа замерките на Стефановиќ, порачувајќи им на СПС дека не може да седи на две столици, туку дека мораат да бидат тимски играчи.

Стефановиќ, ја критикувал СПС затоа што не му забранил премиерот Вучиќ по неговиот дуел со портпаролот на Европската комисија, Маја КОчијаниќ за исправноста на тендерите за испумпување на вода од „Тамнав“.