Српските пензионери ќе добијат раст од 55%, а македонските се борат за „трошки“, владата ни тие нема да им ги даде

Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, нивните српски колеги ќе добијат зголемени пензии за повеќе од 55% и посебни пензионерски картички со попусти во продавници.

Српскиот претседател Александар Вучиќ од го најави во денешното обраќање до јавноста.

Тој најави дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, повеќе од 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.

– Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници – рече Вучиќ.

Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.