Српските служби за безбедност до државниот врв: Албанците од Косово подготвуваат провокации напади

Службите за безбедност на Србија го предупредиле државниот врв дека се подготвуваат организирани напади и провокации од Албанци, пишува Вечерње новости“.

-Србите на Косово, особено оние во енклавите, во следните денови ќе бидат на мета на организирани провокации и напади од Албанци, а сѐ со цел да се створи нестабилност која би довела до повторен застој на дијалогот меѓу Белград и Приштина како опструкција на соработката со Специјалниот суд во Хаг – обајвува весникот.

Како што неофицијално дознава медиумот, ова предупредување, од српската безбедносна служба е предочено пред државниот и воен врв и особено добива на тежина затоа што во последните неколку дена зачестени се нападите врз српското население во Косово, а во еден инцидент беше вклучено и дете.

Како што се наведува, албанските челници во Косово од почетокот на септември спроведуваат акција под кодно име „Чест“ за да спречат подигнување на обвинение , пред Специјалниот суд во Хаг заа претстедателот на Косово Хашим Тачи и неговиот соработник Кадри Весели, поради убиство на речиси 100 луѓе, како и воени злосторства, прогони и мачење.