Српското Собрание во обрач од демонстранти, Вучиќ и Стефановиќ внатре играат шах

34

Епицентарот на опозициските протести во Белград против актуелниот претседател Александар Вучиќ од пред зградата на РТС денеска е пред српското Собрание. Зградата на законодавната власт во земјата е во обрач од демонстранти, дел од опозициските лидер се упатија кон една од полициските станици во градот („29 ноември) со барање за ослободување на приведени лица од досегашните протести.

Во српскиот Парламент моментно се наоѓаат претседателот Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. На профилот на кампањата „Иднина за Србија“ социјалните мрежи Твитер и Инстаграм е објавена фотографија со порака „Краток одмор во Претседателството пред попладневните активности. Србија со храброст и чесност секогаш ги победува насилниците“.

Skin Delight