ССК: Градежниот сектор ја засилува имплементацијата на стандардите

Претседателот на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Ивица Јакимовски, потпиша меморандум за соработка со проф. д-р Дарко Мославац, декан на Градежен факултет при Универзитет „Свeти Кирил и Методиј“, Скопје и проф. д-р Влатко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Меморандумот подразбира заедничка работа во детектирање на предизвиците со кои се соочува секторот, изготвување на анализи и документи за потребните вештини кои ги бараат компаниите на пазарот на трудот и улогата на високото образование во креирањето на квалитетните човечки ресурси како и засилена имплементација на стандари.

„Целта на соработката е спојување на теоријата и праксата, воспоставување поголема синергија меѓу институциите, продуцирање на кадар кој ќе одговори на потребите на компаниите во градежниот сектор, заедничко следење на најновите трендовите како и успешна имплеметација на квалитетот во изградбата, почитување на страндардите и одговорност на сите учесници во планирањето, проектирањето и изведбата на објектите“, изјави Јакимовски и додаде дека во следниот период планирани се дебати на кои ќе бидат поканети сите засеганти страни со цел успешна имплементација на произлезените заклучоци.

Целосно почитување и примена на законските обврски за градба и ригорозна контрола, со максимално планска работа е она на што треба се посветува внимание.

„Ние како градежни компании за да реализираме одреден проект неопходна е меѓусебната соработка со цел исполнување на законските стандарди, почнувајќи од образовен систем, формирање на кадар, преку понатамошна изготовка на проекти и нивна реализација. Втората фаза во делот на реализација на проектот е делот во кој се надоврзуваме со ИЗИИС се со цел квалитетна изработка на проектот и максимално постпаување според проектната документација во текот на градењето, појасни Јакимовски.

Мославац, пак, истакна дека со меморандумот за соработка се отвора дополнителна можност студентите да ја вршат праксата во реалниот сектор.

Директорот на ИЗИИС, Шешов потенцираше дека градежништвото има долги корени во нашата земја и дека успешната соработка треба да поттикне конкурентност и излегување на пазарите во светот, регионот и Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.