ССК: Сивата економија е над 30 отсто

Рапидно расте работата „на црно“ – 2018 година во знакот на масовно дерегистрирање на приватните субјекти.

Од вкупниот економски импут во земјава, дури 30 отсто припаѓа на сивата економија, оценуваат од Сојузот на стопански комори.

Анализи за утврдување на причините се уште се прават, но меѓу најголемите „виновници“ се слабите инспекциски контроли. Претседателката на ССК Данела Арсовска посочи и на проблемот со голем број компании кои што биле активни на пазарот забележуваат намалување на деловната активност но не поради неработење, туку поради префрлање на црниот пазар.

Луѓето менуваат локации и ја работат истата работа како и претходно, но не работат регистрирано затоа што гледаат дека оние кои што воопшто не се регистрирани во системот поминуваат полесно. Не се проблем во нашата економија оние што се дерегистрирани, тие се само последица – проблем се тие што работат воопшто и без да се регистрираат, вели Данела Арсовска, претседател на ССК.

Градежништвото, земјоделството, туризмот и угостителството се гранките во кои е најзастапена сивата економија, но таа нема успешно да се сузбие доколку и самите компании не соработуваат со инспекциите и ги пријавуваат случаите.

Да се утврдат заеднички причините. Се разбира дека треба да има јаки инспекциски контроли, но исто така и од ваша страна да има кооперативност со тие инспекциски органи, да им укажувате на општи состојби, системски тоа е се во ред, но и на конкретни примери,“ истакна Зоран Шапуриќ.

Според последните анализи на Светска банка, дури 55,5 отсто од компаниите се борат против нерегистрирани фирми, што ја става Македонија на лидерското место во регионот во борбата со нелојалната конкуренција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.