ССМ: Министерката Царовска донела незаконско решение со злоупотреба на својата положба и овластување

ССМ најостро ги демантира наводите во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика од 10.8.2017 година. Овие реакции на МТСП и на министерката Мила Царовска се неосновани, неаргументирани и неточни, правно неуки и служат само за да ја дезинформираат јавноста во обидот Царовска да се спаси од овој историски скандал и антисиндикален чин.

„Решението на Мила Царовска бр.08-8191/14 од 4.8.2017 година прво е ништовно, бидејќи е спротивно на Конвенцијата на МОТ бр.87 член 3 и 4 за слобода на синдикалното организирање каде јасно е наведено дека државни органи и сите други власти не смеат со никаков акт да се мешаат во слободата на синдикалното организирање и слободата на избор. Оваа Конвенција е составен дел на нашето законодавство бидејќи е ратификувана од Република Македонија и има највисока правна сила бидејќи е над сите закони„, изјави Живко Митревски претседателот на ССМ.

Митревски вели дека правната неукост да биде уште поголема во реакциите се тврди дека Решението на Министерот Ибрахими не можело да се донесе врз основа на Законот за работните односи. Тој вели дека секој лаик знае дека единствен закон во кој е уредена постапката за синдикатите е Законот за работните односи, каде од член 184 до 202 се регулира дејствувањето на синдикатите, Статутите чл 184, барањето за упис член 191, а особено член 193 пријава за промена на податоци каде во ст.2 јасно се наведува дека лицето за застапување секоја промена мора да ја регистрира во МТСП во рок од 30 дена од денот на промените.

„Поради обидот за насилна смена од техничкиот министер Ременски која сакала да предизвика промени, ССМ доставила барање за поништување за тоа Решение со низа докази за повреда на Статутот на ССМ од група фалсификатори, повреда на постапката, повреда на Деловникот за работа на Советот на ССМ. Ова барање изобилува со докази и аргументи и МТСП правилно постапило и согласно ЗОУП и согласно Законот за работните односи. Тотална невистина и голема дрскост е да се тврди дека барањето за поништување на Решението на Ременска било потпишано од неовластено лице односно од Претседателот на ССМ кога целокупната јавност знае дека Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски беше избран едногласно на 19 Конгрес на ССМ, а согласно историјатот за промени лице овластено за застапување и претставување на ССМ од 2010 година до ден денес е Живко Митревски“, изјави токму Митревски.

Митрески вели во реакцијата се пласира тотална невистина, а во обидот Царовска да се извлече од одговорност и се повикува на така наречен одржан Совет иако се знае дека таквиот Совет никогаш не бил одржан согласно Статутот на ССМ каде што Претседателството на ССМ согласно член 9 т.2 донесува предлог документи за одржување на Советот на ССМ.

„Со седниците на Советот на ССМ председава Претседателот на ССМ, иницијатива за промени се поднесува до Претседателството на ССМ – никогаш не била поднесена, за таа иницијатива се изјаснуваа синдикатите и никогаш не се изјасниле за промена. Постапката согласно член 2 трае скоро два месеци, а Одлуките на Советот согласно член 12.ст 2 од Деловникот за работа на Советот на ССМ се носат врз основа на ставови на синдикатите кои делегатите ги пренесуваат. Никогаш такви одлуки не се донесени. Записникот од неодржаната на Советот на ССМ согласно Статутот на ССМ е потпишан од лице кое не е член на Советот на ССМ, во записникот нема место на одржување, имиња и презимиња на присутните членовите на Советот. Оваа вистина Мила Царовска сака да ја сокрие и да ја дезинформира јавноста“, рече Митревски.

Митревски кажа дека крајна небулозна и трагикомична е реакцијата дека нема доказ дека бил одржан 19 Конгрес на ССМ и дека Живко Митревски е претседател.

„Ваквата дрскост е незабележана ако се има во предвид дека целокупната јавност и медиумска и електронска присуствуваше на тој Конгрес, присуствуваа гости од земјата и странство, претседател на ОРМ, БКМ, социјални партнери па дури и Министерот за труд и социјална политика. За овој настан има и видео записи, потврда за присуство, со потписи од делегатите, писмо со кое ЕТУЦ и ИТУЦ потврдуваат и легитимираат присуството и легитимноста на едногласниот избор на д-р Живко Митревски. Изборот е потврден и со Одлука на Конгресот и записник од Конгресот. Неверојатно е храброста да се изрази ваква невистина и истата да се фабррикува како вистина што ретко се забележува освен во случаи на паника да се ослободи министерката од овој историски скандал“, изјави Митревски.

Кажа дека крајна невистина и тешко мешање во синдикалната автономија на гранските синдикати е да се тврди дека известувањата од 13 грански синдикати со кои се потврдува фалсификувањето на исправата за промена на претседател на ССМ дека се изјави на поединци.

„Секој обичен човек , а не Министерката Мила Царовска знае дека документите во име на субјектот ги потпишува овластеното лице во конктретниот случај претседателите на Гранските синдикати кои застапуваат над 50 000 членови. Оваа правна неукост и тенденциозна дрскост и омаловажување на 50 000 членови на тие 13 грански синдикати и нивната волја со која потврдуваат дека никогаш не се водела постапка за смена на Претседател на ССМ и дека никогаш тие грански синдикати не донеле такви Одлуки навистина е незапаметена. Невистина е дека и не се точни наводите дека во Решението на Ибрахими со кое се поништува Решението на Ременски погрешно е применето материјалното право“, рече Митревски.

Обвини дека напротив сите докази и сите правни факти поткрепени се со над 22 материјални докази кои се основа за поништувањето на Решението на Ременска напсроти фалсификуваната исправа на обичен лист хартија без печат, без овластен потписник, неовластен претседавач и сл.

„Министерката Царовска ја крие вистината дека Решението го донела противзаконски, ја злоупотребила својата положба и овластување и истото е донесено спротивно на Закон и темелните меѓународни конвенции. Во решението ги наведува сите погоре наведени невистини, а ја крие вистината дека повикувајќи се на член 117 и 121 од ЗОУП невистинито укажува дека ССМ не поднела жалба притоа не наведувајќи дека ССМ не поднела жалба во Управна постапка поради тоа што Решението на Ременски никогаш не го добиле туку напротив истото било сокриено за што постојат и докази а за што ССМ поднесе Кривична пријава и Јавното обвинителство во постапката КОЗ бр.583/16 издаде наредба, а Централен регистар постапувајќи по наредбата забрани секакава промена на Претседателот на ССМЕ“, изјави Митревски.

Додаде дека не се точни и наводите во Решението на Царовска дека Решението се поништува и во смисла на член 24. Ст.1 алинеа 3 од ЗОУП бидејќи во точка 2 јасна е изреката дека станува збор за архивски број и Решение на МТСП, а во образложението се наведуваат и законските и материјалните докази поради кој е поништено Решението на Ременски.

Митрески напомена и дека повикувањето на министерката Царовска во Решението дека не се водени предходно управни спорови што е основ за применување на член 124 не се точни со оглед на тоа што и во Пресудата на Управниот суд со која се одбива барањето на Димовски предходно биле водени и две други постапки пред Управниот суд.

„Сакам да ве информирам дека Сојузот на синдикатите на Македонија доби недвосмислена подршка од ЕТУЦ кој застапува над 45.000.000 работници и ИТУЦ кој застапува над 181.000.000 работници или вкупно ССМ и претседателот Митревски добија подршка од над 226.000.000 работници. Се надевам дека обидот за насилна промена на легитимно избраниот претседател Митревски и секретарот на Советот на ССМ Димевски без избори и без Конгрес со активности слични на криминални и мафијашки промени ќе биде осуден и од Владата на Република Македонија не само од оваа светска и европска јавност и дека Премиерот заради сите овие активности на министерката Царовска истата ќе ја разреши доколку Министерката Царовска не го повлече Репението и не си поднесе оставка“, рече Митревски.

Напомена дека Репеблика Македонија е правна држава и дека секое постапување спротивно на Законот на Наредбите на Јавното обвинителство, на непочитувањето и на Пресудата на Управен суд со кој се забранува промена во ССМ ќе биде најостро санкционирана и против сторителите ќе бидат поведувани и Кривични постапки.

„Ги охрабруваме сите надлежни институции, а особено Централениот регистар доследно да ги спроведуваат наредбите на Обвинителството и заклучоците да не се изврши промена во Централниот регистар како и да се почитуваат судските одлуки кои забрануваат промена на претседател на ССМ и да опстојат на притисоците од страна на Министерката. ССМ упатува јасна порака до членството најнапред заблагодарувајќи се за поддршката за раководството на ССМ дека ССМ ќе ги одбрани сите обиди за насилна промена за освојување на ССМ од лица кои не се ни членови на ССМ за што постои и Решение од МТСП и претставници на синдикати кои се предходно исклучени, а кои претендираат замислете ни повеќе ни помалку да бидат раководство на ССМ. Ја користам можноста исто така да се заблагодарам на сите меѓународни институции за подршката која ССМ ја добива во овие историски денови за одбрана на автономијата на синдикалното движење во Република Македонија“, изјави Митревски.