ССМ потсетува дека минималната плата од јули e 14.934 денари

Ги потсетуваме сите работодавачи дека минималната плата од 1 јули 2020 година изнесува 14.934,00 денари и во неа не се вклучени, туку дополнително се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата согласно колективните договори.

Праксата од страна на несовесните работодавачи да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците мора веднаш да запре.

ССМ и понатаму ќе биде гласот на работниците и коректор на сите кршења на работничките права.

Подучени од нечесните игри од некои несовесни и алчни работодавачи, бараме надлежните инспекциски органи веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи, очигледно само на тој начин може да се воспостави ред и почитување на законите, а истовремено и јавно да ги објавуваат нивните имиња се со цел работниците да бидат информирани.

За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од Државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе Кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците поради тоа што името и презимето на секој еден работник кој ќе се обрати до ССМ е Сојуз на синдикатите на Македонија.

Зголемувањето на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.