ССМ: За минимални трошоци на едно семејство во април му биле потребни 33.243 денари

32

Месечните минимални трошоци на едно семејство во април изнесувале 33.243 денари, покажуваат податоците од синдикалната потрошувачка кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.

Најмногу пари или 14.093 денари биле потребни за да се подмират основните потреби за храна и пијалоци, а 10.436 денари за плаќање на месечните сметки за комунални услуги и за одржувањето на домот.

Минималните трошоци за превоз во април изнесувале 2.447 денари, за хигиена 2.343 денари, а за облека и обувки минимум биле потребни 2.144 денари. Најмалку пари од вкупната потрошувачка кошница отпаѓаат на трошоците за грижа за здравјето и за културните активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.