Стаменкоска Трајкоска: Со дигитализацијата завршува бесплатното образование

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, во однос на новиот закон и најавената дигитализација, истакна дека со дигитализацијата завршува бесплатното образование, законот е голем ќорсокак на власта, а минисерката Царовска останува да биде слепа на барањата од јавноста и родителите, како и тоа дека оваа реформа само ќе ги продлабочи разликите кај децата, а нема да донесе долгорочни реформи.

„Од оваа власт се очекува се што е во интерес на народот да е неприфатено, за жал на јавноста и за сите нас одговорот од власта за референдум за учебниците беше негативен“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката вели дека како професор била секогаш за се што е ново да е прифатено, но да биде прифатливо за сите, a овој процес на дигитализација кој се наметнува не е прифатлив за сите.

„Формата на законот која прво беше дадена на матичното тело за разгредување, па потоа беше повлечена од Комисијата за образование, јас во истиот увидов многу недостатоци, затоа што со овој закон ерата на бесплатно образование за учениците и родителите завршува“, појасни Стаменкоска Трајкоска.

Oбјасни дека дигитализацијата во училниците ќе донесе хаос, во училиштата доаѓаат деца кои се од различни категории, нема да има еднакви услови за сите, самата училница не е оспособена за таков тип на настава, и дополнително оптоварување за наставниците.

„Со овој закон се оди во многу голем ќорсокак“, вели Стаменкоска Трајкоска.

„Во најдоброто училиште може да се случи да се нема интернет, а во руралните средини децата немаат основни услови, за жал власта е далеку од реалноста, дополнително е тоа што ќе чини многу повеќе“, додаде Стаменкоска Трајкоска.

Критикуваше дека се носат реформи кои не се долгорочни кои ќе немаат континуитет, дигитализацијата е потребна вели пратеничката, но треба да се размислува со какви ресурси располагаме и истите реформи да бидат долгорочни, да се носат транспаретно, не во затворени кругови, а министерката не смее да биде слепа на она што се посочува од јавноста.

„Дали е ова „едно општество“ за сите како што беа ветувањата одд кампањата на власта, додека се создаваат дополнителни дискриминации и се продлабочуваат разликите кај децата“, праша Стаменкоска Трајкоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.