Стаменковска до Манчевски: Доколку имавте капацитет ќе спроведевте некој нов проект, а не да ги спроведувате проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Да имавте капацитет и знаење онака како што прокламирате досега во МИОА ќе спроведевте некој нов проект, НО вие ги спроведувате проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги креираше и започна со нивна реализација, му порача на министерот за информатичко општество, дополнителната министерка за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски.

-Почитуван министер на Зоран Заев, да имавте капацитет и знаење онака како што прокламирате досега во МИОА ќе спроведевте некој нов проект, НО вие ги спроведувате проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги креираше и започна со нивна реализација. Толку е вашиот капацитет, да продолжите онаму каде што нас не спречивте да работиме.
Наместо да се затскривате зад партиски пресови, партиски вработувања и непотизам кажете што навистина сработевте.
И да, ќе протестирам секој пат кога вие ќе се иживувате врз невини луѓе, наместо да ги гоните криминалците од Рекет 1, 2, 3…, реагира Стаменковска Стојковски на изјава на министерот за информатичко опшество Дамјан Манчевски.