Стаменковска: Петнаесет отсто поврат на ДДВ е уште една лага на СДСМ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Невенка Стаменковска, при заседавање на Комисијата за Финансирање и Буџет образложи дека не и е јасно како овој амандман не се прифаќа, а од друга страна се планира да се започне во реализација во јули 2019 година без предвидени средства во Буџетот, а тоа значи дека ова е уште една лага која што е подготвена од страна на СДСМ.

Имено би сакала да потсетам дека во октомври 2016 година за време на предизборната кампања лидерот на СДСМ тогашен, а сегашен премиер Зоран Заев при посетата на Валандово за време на одржувањето на предизборната кампања ја промовира оваа мерка за поврат на 15% на ДДВ – „Една од најважните мерки е тоа што веднаш после 11-ти декември ќе биде донесена одлука од страна на Собранието имплементирано од страна на Владата ќе биде враќање на 15% од ДДВ. Сите ние плаќаме секој за се што значи наш живот. Секаде го плаќаме данокот на додадена вредност, ако потрошите 1.000 денари имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15% од тоа ДДВ што има на секоја сметка за вода, за храна, за струја, за облека. Тоа ќе обезбеди годишно 30.000 денари односно една плата годишно во семејството. Со тие пари граѓаните можат да си ги платат дел од кредитот или да платат нов годишен одмор“. Со ова да го потсетиме СДСМ и актуелниот премиер Зоран Заев се што има ветено, посочи Стаменковска.