Стаменковска Стојковски: 550 институции немаат годишен план за вработување за 2019

Согласно официјалната евиденција во Министерството за информатичко општество и администрација, 550 институции немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година и согласно член 20-б став 9 од Законот за вработени во јавниот сектор, институциите не можат да спроведат постапка за вработување на неопределено работно време, објави дополнителниот заменик министер за информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковски.

Одвоивме неколку институции кои немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година, дел од нив се:

– Министерство за надворешни работи

– Министерство за транспорт и врски

– Управа за водење на матичните книги

– Државен Инспекторат за Животна Средина

– Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

– Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Македонски Брод

– Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид

– ЈУ Специјален завод Демир Капија Демир Капија

– ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар

– ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија

– Министерство за правда – Биро за судски вештачења

– Централен регистар на Република Македонија

– ЈЗУ Центар за јавно здравје п.о.Струмица, Кочани, Штип, Прилеп, Куманово, Велес, Битола, Скопје, Тетово

– Оштина Пехчево, Босилово, Градско, Шуто Оризари, Конче, Гази Баба

– ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Велес, Струмица, Битола и други.

Во дел од овие институции се спроведени постапки за вработување на неопределено работно време, истите не се во согласност со ЗВЈС, но под чудни околности имаат обезбедено согласност од Министерство за финансии, пишува Стаменковска Стојковски.

Во прилог и еден пример за изигрување на законите и масовна партизација.

ЈЗУ Општа болница, од страна на Министерство за финансии добива Известување (согласност) за обезбедени финансиски средства за вработување на 45лица на неопределено време, преку Фонд за здравствено осигурување. Министерство за финансии, Известувањето (согласност) за обезбедени финансиски средства за вработување го издаваат врз основа на член 51 од Законот за буџетите, без да внимава дали Општата болница има план за вработување со потребните согласности. Вработувањето во Општата болница се спроведува преку Агенција за вработување а врз основа на Закон за работните односи во кој никој нема обврска да условува со годишен план за вработување. Неконтролираното вработување е вообичаена работа на институциите и поради фактот што никој не врши надзор над примена на ЗАС и ЗВЈС.

Со само еден пример може да се откријат илјадници „невидливи“ вработувања кои служат за поткуп и задоволување на партиските активисти, вели Стаменковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.