Стаменковска Стојковски: Дигиталниот министер двојно ги чини граѓаните

63

Дигиталниот Министер двојно ги чини граѓаните. Откако пред точно една година се потрошија милиони денари за тендер за набавка на градежно-занаетчиски работи за воспоставување на шалтери, денес повторно имаме нов тендер тежок милиони денари за исти работи на иста локација, само за предизборна политичка манипулација. Ниту транспарентно, ниту отчетно, ниту дигитално, туку потценувачки и жално!, пишува дополнителната министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

-Дали Дигиталниот знае што отвори минатата година? Дали се надева дека народот не памети? Дали може да им објасни на стотиците граѓани кои денес беа жртви на хаосот предизвикан од неговите предизборни политички калкулации? Во овој контекст еве пример како повеќе од еден месец се чека на извод од системот на “Дигиталниот Дамјан”, потенцира таа и додава:

„ПС. Секако дека знаеме што претставува порталот бидејќи во време на ВМРО-ДПМНЕ се подготви проектот, се обезбедија финансии и се започна, а Вие можевте да бидете само нем сведок на неговата имплементацијата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.