Стаменковска- Стојковски: СДСМ во вонредна состојба прави епидемија со вработувања (ФОТО)

198

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска- Стојковски преку свој Фејсбук статус пишува дека СДСМ во вонредна состојба прави епидемија со вработувања.

СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА

-Во време кога целиот свет се бори против КОВИД19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија – епидемија на партиските вработувања на СДС во администрацијата. Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра. Ова однесување е недозволиво и срамно, спротивно на закон, спротивно на моралните норми и нечовечно.

Почитувани граѓани, во ова време трошењето буџетски средства за вработувања, не значи ништо друго туку одземање пари од здравството.
Македонија нема недостаток на вработени во јавната адиминистрација, туку има недостаток на заштитна опрема за докторите и медицинските сестри. Македонија нема недостаток од партиски војници во јавната администрација, туку има недостаток на медицинска апаратура и тестови во јавните здравствени установи.

Како дополнителен заменик министер, барам веднаш да запрат сите постапки и да се прекине со оваа епидемија на привремени вработувања во јавниот сектор. Барам Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Македонија веднаш да постапат и да го заштитат заедничкиот интерес.

Приоритет мора да биде здравјето и животот на граѓаните.

Со почит,
Невенка Стаменковски Стојковски
Дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.