11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Стаменковска Стојковски: Заев ги потврди безидејноста и антагонизмот што го чувствува спрема администрацијата

Зоран Заев може да предложи неговите функционери да ја донираат платата и да помогнат на стопанството а не на грбот на администрацијата да ја истовари целокупната наспособност на владата во справување со пандемијата, реагира Невенка Стаменковска Стојковски.

„Дополнително може да им укаже на своите функционери да ги откажат договорите на определено, вработувањето преку АПВ и авторските договори. Претседателот на СДС денес само ја потврди безидејноста и антагонизмот што го чувствува спрема администрацијата и го советувам да ги остави да си ја работат работата и да си ја земат заработената плата.
Администрацијата не е вработена во неговите плантажи и да се изживува со нив“-порача таа.