Стаменковска: Врз основа на кој правен пропис се одобруваат нови проекти во годишната програма?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска на денешната собраниска надзорна расправа на која се разговараше за политиките во културата на Владата и распределувањето на средства во годишната програма за култура, побара од советничката во министерството за култура Весна Илиевска да и објасни врз основа на кој правен пропис се одобруваат нови проекти, и врз основа на која основа се прави ревизија на годишната програма.

-Како што ви кажав, би требало да имате долгогодишно искуство и сама веќе се негирате во вашиот исказ бидејќи рековте дека согласно законот за култура којшто е матичен закон во делот на култура, но постапувајќи по правни акти коишто се во општо-управна постапка како што донесувањето на решението и имањето на правото на рок на жалба од 15 дена, вие се повикавте на законот за општо-управна постапка што е во ред, но го заборавате делот дека имаат право на жалба во рок од 15 дена по добивањето на решението, истакна Стаменковска.

Пратеничката Стаменковска и посочи на советничката Илиевска дека таа како правник требала да биде дел од тимот којшто ќе ги изготви тие решенија, а во случајот не се изготвени, и дека сите оние кои аплицирале на овој конкурс не добиле решенија дека се одбиени.