Станал командир на пожарна во Старо Нагоричане со лажна диплома

452

Полицијата  поднесе кривична пријава против три лица за лажно издавање сведителства и диплома за завршено средно образование.

За  сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“  се товарат В.Д.(35)  и Ш.З.(38), двајцата од Скопје,  и против О.С.(50) од Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот, како одговорен наставник за вонредни ученици во средното училиште „Цветан Димов“ – Скопје и второпријавениот, како Директор во училиштето и покрај тоа што знаеле дека третопријавениот не бил запишан како вонреден ученик во 2012 и 2013 година, туку бил запишан на точно неутврден датум во 2014 година, како и дека, третопријавениот не ги полагал сите испити по предметите, своерачно, со потписи и печат му изготвиле и издале четири лажни свидетелства и диплома за положен завршен испит, како и лажна потврда. Овие докуманти третопријавениот ги употребил како доказ при засновање на работен однос на неопределено време на работно место Командир на територијална противпожарна единица во Општина Старо Нагоричане, за што од 01.01.2015 година до октомври 2017 година, му се исплатени 34 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за којшто износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.