Станавме шампиони по смртност од Ковид-19, а техничкиот премиер и министерот абер си немаат

179

Сакале или не мора да си признаеме дека пандемијата со коронавирусот си зема замав во нашата земја, ама и жртви. А, ако сами неможеме да го увидиме тоа, најлесно е да видиме колку држави ствија вето за комуникација со Македонија или народски кажано „пиле да не пролета“ – Грција, Бугарија, Словенија, Италија, Австрија, Германија итн.

И, сето тоа како да ни стана така едноставно што испаѓа дека животот го цениме/ го ценат колку едно кафе пиење. Станавме „шампиони“ по смртноста во Европа, но и заболените во однос на борјот на жителите, нешто од што треба да се срамиме.

Според официјалните бројки што ги презентираше министерот за здравство, Венко Филипче, досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на Kовид-19. Дијагностицирани се 9026 лица заразени со коронавирусот, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885, објави на Фејбук

И покрај нагорната линија на епидемијата министерот за здравство вчерарече дека нема да има повторно воведување на рестрикции, откако Универзитетот Вашингтон од Сиетл направи проекција според која до 1 ноември во Македонија ќе починат околу 1.800 луѓе од Ковид-19, ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита.

„Ние сме подготвени и кога повеќекратно би се зголемил бројот на заболени, не само од ковид-19, туку и од сезонски грип, морбили, стомачни вируси. Прво мора да се повтори дека сме една од ретките земји која има протоколи за функционирање на бизнисните, плажите, базените, хотелите, тие се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Тука се стандардните мерки за држење дистанца и носење заштитни маски како единствен начин да се излезе од кризата. Новодијагностицираните случаи се произлезени од непочитување на овие мерки“, рече Филипче денеска за „Сител“.

Според Филипче, единствена индикација која треба да покаже дали е потребна рестрикција за движењете се пополнетоста на болничките капацитети во ковид-центрите, кои според министерот се стабилни во бројките.

„Не можеме да живееме затворени и вечно со рестрикција во движењето. Епидемијата нема да ја снема ниту следната година, се додека не се вакцинира еден поголем дел од населението“, рече Филипче.

Но што вели статистиката? По бројот на заразени на 1 милион жители Македонија се наоѓа на врвот на листата со дури 1.000 повеќе заразени од вториот на листата Косово и за три пати повеќе од Словенија и Хрватска. И по бројот на смртни случаи предничиме пред останатите. Со 189 починати на 1 милион жители Македонија е на врвот пред Босна и Херцеговина која брои 72 починати. Хрватска која пролетта беше зафатена од силниот бран со Ковид-19 брои само 29 починати на 1 милион жители и се наоѓа најдолу на табелата.

И додека по црните параметри сме во врвот, во однос на тестирањето сме на средината, односно 4ти по ред , со спроведени 38.771 тестови на еден милион жители. Тука лидер е Србија, па Словенија.

И многу понапредни земји од Македонија направија олабавување на мерките, но со експанзијата на вирусот повторно ги затегнаа, како Словенија, па комашиите Србија, Бугарија, Грција, како и едни од најпогодените земји Италија и Шпанија.

Споредувајќи се во повеќе аспекти со овие држави ние сме на многу пониско ниво, затоа не треба така едноставно да се гледа на работите, а уште позагрижувачко е што техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Филипче мислеа на изборите и дозволија ковид-19 да се шири со поголема прогресија.

Да, протоколи се донесени, но колку се почитуваат и зошто во името на изборите се попупшти, а некои работи и луѓе како намерно да не се гледаа, за подоцна да се констатира дека сме ги изгубиле кластерите, односно дека веќе се нема контрола над ситуацијата.

На оваа тема Спасовски одамна не сме го слушнале, а Филипче само ги амортизира работите. Предвидувањата на Универзитетот Вашингтон од Сиетл се многу песимистички, и тоа само до 1 ноември може да починат околу 1.800 луѓе од Ковид-19, ако продолжиме вака, додека оптимистичката варијанта е над 700 жртви.

Како и да е, за една мала земја како Македонија, ова се големи бројки, затоа треба да се чукнеме по главата и да се прашаме што правиме. Дали дневната политика е поважна од животите и здравјето на народот?!

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.